Поврзи се со нас

Популарно.мк

Снегот и студот продолжуваат и следната недела

Вести

Снегот и студот продолжуваат и следната недела

Најмногу снег има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, по што следат Пожаране со 49, Лазароиполе со 48, Попова Шапка со 47.

Повеќе од 200 автомобили повеќе од 4 часа останаа заглавени на патниот правец Дебар -Маврово во близина на манастирот Св. Јован Бигорски, а целосно отсечени беа и селата Брест, Танушевци и Малино, Сопиште, Студеничани и Зелениково.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерна облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, најизразен во долниот тек на Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус шест, а дневната од минус пет до три степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе достигне до минус два степена.

За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините, особено во недела. Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.