//
Следи нѐ
To Top

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на „Евросонг“

Македонската радио телевизија ги разгледа условите и обврските кон ЕБУ кои Јавниот сервис ги добива со потпишување на апликцијата за учество на оваа етаблирана манифестација. Истовремено ја разгледа и временската рамка на обврските и одлучи оваа година да се прифати моделот на изведувач(и) – автор(и).

Во таа насока, МРТ донесе одлука: Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019. Во моментов се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот ЕВРОСОНГ.

реклама

За Тамара атрибутот „родена за музика” е нешто што најдобро го опишува нејзиното долгогодишно опстојување на поп сцената, од нејзиниот прв настап на 6 годишна возраст до ден денес.

Таа е родена во семејство на музичари: мајка оперска пејачка, татко професор на музичката академија во Скопје и сестра која е позната балканска поп пејачка, Тијана Дапчевиќ, која исто така ја има претставувано Македонија на Евровизија во 2014 година.

За Тамара ова не е прво искуство на Евровизиската сцена. Таа заедно со поп артистите Врчак и Адријан Гаџа ја претставуваше Македонија во Белград 2008 година со песната “Let me love you”. Исто така, како придружен вокал, на евровизиските натпревари настапи и со Тоше Проески во 2004 година и со сестра и’ Тијана Дапчевиќ во 2014 година.

Тамара има успешна соло кариера со издадени 2 албума и огромен број синглови и соработки.

Интересен е фактот дека Тамара има голем број фестивалски настапи во земјата и регионот и постои анегдота во која се вели дека е „вечно втора” и токму поради тоа, како што самата шармантно вели, оваа позиција е најмалку нејзина цел и оваа година.

Добитничка е на голем број награди за хит на годината, албум на годината и пејачка на годината, а нејзините песни се одлично прифатени од публиката и стануваат безвременски хитови.

Еден од мотивите за настапот оваа година на Евровизија, покрај тоа што ќе има сериозно победничка песна, е тоа што сака нејзините две деца и сопругот да ја гледаат на телевизија на Евровизиската сцена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

  • EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега!

    Откако своето враќање на една од најголемите светски електронски сцени прв го потврди големиот Carl Cox, и останатите најпосакувани хедлајнери на...

    Информативна Редакцијајануари 26, 2019
  • Tom Walker и Lost Frequencies ќе настапат ова лето на EXIT!

    Tom Walker, авторот на еден од најголемите хитови на деценијата „Leave a Light On“, кој ги освои топ листите и срцата...

    Информативна Редакцијајануари 26, 2019
  • Ивона сними спот за ,,Убав е овој свет’’

    Макфестовската тема на Ивона Јовановиќ ,,Убав е овој свет,, доби свое видеоиздание кое го изработија Давид Радичевски, познат на широката јавност...

    Информативна Редакцијајануари 26, 2019
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: