Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Улична катарза и уличарски ФБ препукувања

Колумни

Улична катарза и уличарски ФБ препукувања

Татјана Алексиќ

Улична катарза и уличарски ФБ препукувања

Дали улиците стануваат повозбудливи од книгите и театрите, а шетачите доживуваат улична катарза? Истото ни се случува и на фб профилите кои не профилираат такви какви сме!

Речниците се фасцинантни, од Вујаклија до Petit Larusse и назад , се среќаваш со илјадници поими и илустрации. Речник на синоними, симболи, окултизми, сексуален, медицински, речник на странски јазици…Штом ќе ги отвориш, отворен ти е светогледот!

Милорад Павиќ во Хазарскиот речник тврди дека инквизицијата ги уништила сите речници за Хазарите со отровната реченица: ,, кој ќе ги отвори, умира набоден на сопственото срце како на чиода,,! Но тоа било во средниот век, кога црквата ги забранувала книгите, сега никој не ги забранува, а ние одбираме катарзата да ја доживуваме на улица, или на фб порталите за препукување, веќе неспособни да се продуховиме и прочистиме во театар или низ книга.

Што може да ни откријат: креветот на молериовит Тартиф, во режија на Станиславски , освен двојниот морал на идните поколенија ; столицата во њујоршкиот Музеј на модерна уметност преку која Буњуел ја проценува војната; затвореничката песна во претставата На дното од М.Горки : ,,сонцето заоѓа, заоѓа во мојата ќелија е мрак,, и која бездомниците не може да ја допеат поради тепачки, сладострастие, полициски упади, самоубиста…Можеби ве-це шолјата ( школката) поставена на сцена во претставата на Срѓан Јанакиевиќ е проценка дека и ЕУ ќе отиде низ водата од истата шолја? Дали сме способни да препознаеме, да процениме, да ги разбереме поентите на книгите и театрите без речници и толкувања ? Стануваме експерти околу проценките што ќе се случи во следната епизода на мегаломанските турски серии, или кој ќе победи на парламентарните избори! Но каде се книгите и тетарската уметност ?

Во фрлената храна по контејнерите , која ја јаде гладно дете, секој политичар треба да процени до каде сме дојдени. Замислите, во корпите за ѓубре на Боб Дилан и Мухамед Али, новинарите наоѓаат драгоцени податоци за своите заклучоци- депонијата станува патоказ, откровение!

Улиците се повузбудливи од театарот, катарзата трае деноноќно, убиства, самоубиства, крвопролевање, лудило. И сѐ се случува во живо и без глумење… А и на фб порталите, кратко и експлицитно, кој би се замарал со читање меѓу редови како во поезијата? Цинизмот на пронаоѓањето на смислата во бесмислата и распаѓањето на граѓанската интима , брилијантно доловени преку Јонеско и Бекет повторно се тука некаде околу нас…Помеѓу апсурдот и вербата нема граничен sид.

Вербата во нешто свето (свети се книгите и театрите) може да не извлече од апсурдот и да не врати во верата, онаа која не може без надеж и љубов. Но може и обратно, nothing to be done!

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.