Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Tom Walker и Lost Frequencies ќе настапат ова лето на EXIT!

Музика

Tom Walker и Lost Frequencies ќе настапат ова лето на EXIT!

Tom Walker, авторот на еден од најголемите хитови на деценијата „Leave a Light On“, кој ги освои топ листите и срцата на публиката ширум планетата, ќе настапи на главната бина на EXIT Фестивал во сабота 6-ти јули.

Странските медиуми го нарекуваат најголемата британска нова ѕвезда, што го потврдија и претстојните „Брит“ награди номинирајќи го во две категории, за најдобар нов изведувач и најдобар британски сингл.

Неговиот моќен глас и музички стил, критичарите го споредуваат со изведувачи како што се Ed Sheeran и Rag’n’Bone Man, додека музичката сцена со нетрпение го очекува неговиот албум најавен за март, а на кој соработуваше со продуцентите на ѕвезди од калибарот на Adele, Arctic Monkeys, Years&Years, но и со самиот Ed Sheeran.

Во ѕвездената програма на овогодишниот Exit се придружува и Lost Frequencies, еден од најголемите хитмејкери на денешницата, YouTube „милијардер“ и вистински вундеркинд на музичката индустрија кој последните неколку години не се симнува од топ листите, радиските бранови и најголемите фестивалски сцени, вклучувајќи го и Tomorrowland на кој веќе четири години по ред има и своја бина!

Првиот ден на фестивалот, на музичката ѕвезда од Белгија на главната бина ќе му се придружат и сонародниците Two Pauz кои ќе донесат микс од сиров и емотивен електронски звук проткаен со силни басови, но и 65daysofstatic, британскиот состав кој членовите на The Cure лично го одбраа како предгрупа за својот настап на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

А тврдината на следното издание на EXIT фестивал од 4-ти до 7-ми јули ќе ја освојуваат некои од најактуелните имиња, но и живите легенди на светската музичка сцена, меѓу кои се и рок титаните The Cure, потоа рок бендот за кој во моментов најмногу се зборува Greta Van Fleet, најславниот диџеј на сите времиња Carl Cox и официјално најпопуларниот диџејски тандем Dimitri Vegas & Like Mike. Тука се и Phil Anselmo, Sofi Tukker, Tarja Turunen, но и плејада одлични бендови како 65daysofstatic, The Selecter, Peter & The Test Tube Babies, Arcturus, Total Chaos, како и многу други големи имиња кои ќе бидат објавени во следните недели.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.