//
Следи нѐ
To Top

Космодром за приватни летови на два часа од Москва

Руската компанија „Космокурс“ која гради брод за приватни летови во орбитата, планира да изгради космодром во централниот дел на Русија, наведе Павел Пушкин, генералниот директор на компанијата.

– Моментално ја разгледуваме можноста за изградба на космодром на територијата на централниот дел на Русија. Активно преговараме со повеќе региони во врска со локацијата на космодромот. Засега не можеме да кажеме за кои региони станува збор, нагласи Пушкин.

реклама

Според него, патувањето од Москва до космодромот би траело помалку од два часа.

– Сакаме да изградиме мал, компактен космодром, на место до кое од Москва ќе можете да стигнете за час или два со авион, посочи Пушкин.

Претходно, на „Космокурс“ и се нудени две локации на територијата на космодромот „Бајконур“, но компанијата се откажа од таа идеја бидејќи таа локација е оддалечна од Москва.

Беше наведено дека комапнијата развива комплекс за комерцијални туристички летови во орбитата, при што веројатно шесточлен екипаж и еден инструктор би предводеле 15-минутно патување до 200 километри височина.

Првиот лет е планиран за 2025 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: