Поврзи се со нас

Популарно.мк

По повод втори февруари…

Колумни

По повод втори февруари…

Втори февруари само кај нас и во блиското соседство се пародира како празник на педерите, пардон хомосексуалците.

Измислен датум, светски ден на истите е 27 јуни!

Турбуленцијата предизвикана од бомбастичното прашање за легализација на геј браковите не стивнува, згора на тоа (или отпозади што би рекол Сашо Тасевски во истоимниот роман) го дели светот на ,,за” и ,,против”.

Никој не е рамнодушен на оваа тема, освен Бушманите, тие ионака ,,паѓаат на теме”. Во Хрватска стивнува вревата за уставното признавање на истополните браковите, а во далечната ни Австралија, Врховниот суд на Камбера неодамна го поништи истиот закон, венчаните геј партнери формално морале да се разведат , а неформално да си продолжат онака како милуваат. Додека Европската Унија им диктира правила на земјите членки да овозможат рамноправни услови и за хетеро и за хомосексуалците, Врховниот суд во Индија го поддржува законот од пред 148 години , според кој истополниот секс е криминално дело казниво со закон и до 10 години. Данска во 1989 година прва воведува рамноправност меѓу хомо и хетеро сексуалците , 2001 Холандија прва ги легализира геј браковите, се приклучуваат Белгија, Канада, Шведска, Норвешка, Бразил, Аргентина, Уругвај, Франција, Исланд, Нов Зеланд, делови од Англија и Велс, 15 држави од САД…Се прошируваат правата , но и побарувањата. ,,Шири, шири, весели пешкири” – имаше една маалска детска песничка која продолжува со ,,Боса ја, боса ти , окрени се сада ти “. Епа така некако му доаѓа, окрет, обрт и под винкла :)

Шега на страна, факт е дека хомосексуалството не е откровение на новото време туку си има своја историја и древност колку и хетеропопулацијата и Светската здравствена организација од мај 1990 година го смета за здрава сексуална ориентација.

Придавката ,,здрава” не значи дека е препорачлива дневна доза добра за здравје, туку дека не е болест која може да се лекува. Сепак , најсуптилното прашање околу кое допрва ќе се кршат копја и ќе се делат мислења и земји, е посвојувањето на деца, тема за која никој до сега не се осмелил да даде сигурен одговор, какви последици би имале посвоените деца ако живеат со двајца татковци или две мајки!

Колку нив би ги етикетирало и маргинирализирало општеството како деца посвоени од хомосексуслци? Сериозна тема, колку и серизноста кога треба да се доверат децата на нечија грижа.

Како и да е, турбуленцијата и фрлањето на копја во вис, сѐ уште се актуелни, а ставовите различни, колку и ние луѓето. Важно е да се научиме барем на елементарна воспитаност и емпатија кон ,,обратните,, од нас и без презир или потсмев се помириме со нивното присуство на земјената топка. Секако, истото важи и за нив, да не не вознемируваат со геј паради каде поединци парадираат ,,поносни” на нивната интимност.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.