Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопски урбани легенди

МК Сцена

Скопски урбани легенди

Повелете, простете и споделете без говор на омраза и суета, книгите се светост и треба да им се радуваме!

Вообичаено е во книгите да има херои и анти- херои, но кога некој ќе напише невообичаена книга на урбани легенди, кои оставиле личен белег во својот град, станува урбан хроничар, записничар на едно препознатливо време на култни ликови, еснаф со перо на еден град чија урбана култура ја граделе ликови на кои се сеќаваме.

Авторот, поет, раскажувач и новинар, Васко Марковски, на оригинален начин ќе овековечи 54 скопски ликови чиј заеднички именител е ,,урбани легенди” , а секој од нив ја живее својата лична легенда за која ќе се раскажува на идните поколенија со скопски шмек.

Моќно е кога ќе останеш запаметен низ времето не по материјалното, туку по духовното. Со својот личен имиџ граден со години, харизма и градски шарм , градот ќе раскажува за тебе, а новинарскиот дух ќе препознае урбана приказна за колективна меморија. Такви се урбаните легенди на авторот Васко Марковски кој се сети со поетска ,,сета” и носталгија по едно динамично , но и спокојно урбано време, да остави запис во книгата ,, Урбани легенди “.

Тоа што пленува на прво пролистување на страниците од книгата, е што за секој лик записот е автентичен и оригинален, без ,,хвалоспеви” , препознатлив по она спонтано, скопско прераскажување на веќе видено и слушнато, некогаш и некаде… Авторот како педантен хроничар на убавите нешта, раскажува за скопските кафулиња како што е Ван Гог , кој со повеќедеценискиот имиџ стана топоним, и безмалку 35 години ја живее својата легенда како култно кафе поврзано со името Коста Ван Гог. Можете да прочитате и за други скопски култни места, каде се дишеле и граделе сеќавања и приказни, каде нашите скопски урбани легенди оставале свои белези, во музиката, уметноста, спортот, архитектурата, новинарството, креативните занаети, со еден збор во скопскиот урбан живот.

Ќе прочитате и за моторџиската дипломатија на Ленин Јовановски , кој возејќи се низ улиците насекаде низ светот урбано ја прегази уличарската предрасуда за мото светот и влезе амбасадорски таму каде за многумина е само сон. Такви се нашите урбани легенди во истоимената книга, го живеат својот сон и стануваат живи легенди! Во книгата се спомнати 45 урбани ликови, сите еднакво величествени во својата животно исполнета приказна. Задоволство е да се познаваш со тие луѓе и да им го препознаваш урбаниот пат.

Како вели авторот ,, Не го познаваш ли Ситна – не си од Скопје” , па ќе спомнам неколку кои се и дел од моето секојдневие, но за жал и некои кои не напуштија, како колегата по општа и компаративна книжевност, новинарот Реџеп Пампур.

Повелете, простете му на авторот ( тој оставил простор за уште легенди) и споделете без суета – книгите се наша светост !

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.