Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега!

Музика

EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега!

Откако своето враќање на една од најголемите светски електронски сцени прв го потврди големиот Carl Cox, и останатите најпосакувани хедлајнери на денешницата во низа го запишаа својот настап на Exit во своите календари!

Судејќи по продукцијата од претходните години, спектакуларната Dance Arena оваа година уште еднаш ќе ја помести веќе високо поставената граница на ново ниво, а иако во следните недели стигнуваат уште ѕвезди од највисок ранг, EXIT денеска, порано од било кога, објави дури 22 изведувачи за историскиот состав на Арената во која се бришат жанровските поделби и во која се загарантирани врвните настапи од првиот до последниот час! Доволно е да се каже дека на Арената стигнува еден од најголемите продуценти на денешницата и берлинскиот уметник од стадионски размери Paul Kalbrenner, чиј настап пред пола милион луѓе по повод одбележувањето на падот на Берлинскиот ѕид влезе во музичката историја. Со него пристигнуваат и јунакињите на новото време и вистински феномени на електронската сцена Amelie Lens и Charlotte de Witte, кои во претходните две години поминаа неверојатен пат од белгиски таленти во пораст до светски суперѕвезди кои рамо до рамо стојат со најголемите имиња на електронската сцена и настапуваат пред десетици илјади луѓе на најголемите фестивалски бини ширум планетата!

Својот футуристички звук во амбиентот на колосалната Петроварадинска тврдина ќе го донесе и детроитскиот техно виртуоз Jeff Mills, кој поради своите придонеси кон светската музика е прогласен за Витез на уметноста во Франција, а чиј настап оваа година веќе го резервираа речиси сите водечки електронски фестивали! Уште едно возбудливо деби на Арената ќе има корејската хероина Peggy Gou, чиј избор на музика и чувство за публика многумина го сметаат за вонсериски талент, додека нејзината фамозна нумера „Itgehane“ ја одбележа минатата година.

На една од своите омилени бини пристигнува и големиот Maceo Plex, ултимативниот хедлајнер на најголемите фестивали и продуцент на максималниот звук кој самостојно ја промени електронската музика и ги избриша жанровските гранци, а кој за EXIT повеќе пати повтори дека е еден од најдобрите светски фестивали.

На Арената повторно ѝ се радува и Boris Brejcha, уште еден истакнат суперхерој на светската сцена и еден од најбараните изведувачи на денешницата кој и покрај веќе трасираните музички траки сепак одлучи да создаде свој звук и дочека неговиот „high tech minimal“ да биде еден од најпопуларните правци денеска, а тој да настапува на сите најголеми светски фестивали со препознатливата „џокер“ маска.

Можеби и најинтересно деби на Арената оваа година ќе има британско-берлинскиот маг за кој влијателните Mixmag, Groove Magazine и DJ Mag се тркаат да го прогласат за најдобар диџеј на новата генерација, Dax J, додека пак, тој самиот одбележува точно десет години откако прв пат настапи на Exit како анонимен изведувач и победник на диџејското натпреварување на Exit од 2009-та година! Прв пат на Арената ќе настапи и Monika Kruse, германската техно шефица на една од најважните издавачки куќи на светот – Terminal M, со недогледна кариера долга повеќе од четвртина век и настапи на сите најважни фестивали во светот!

А по бројните барања од публиката и во моментот кога се на сопствениот врв во кариерата, во непрегледните ровови на долниот град на Петроварадинска тврдина, исто така премиерно пристигнува и популарниот тандем Adriatique! Уште две големи деби гостувања доаѓаат во „live“ издание, две ѕвезди во подем и едни од највозбудливите имиња во моментов, Johannes Brecht од етикетата на Solomun – Diynamic, како и новата светска, но подеднакво и балканска сензација Satori, чие вистинско име е Ѓорѓе Петровиќ, инаку пораснат во српско-јужноафриканско семејство во Холандија!

Како што расте регионалната сцена, тако е сѐ посилна и екипата на резиденти кои доаѓаат од врвот на Beatport листата каде што стојат рамо до рамо, токму како и на настапите на Денс Арената, со најголемите ѕвезди на денешницата! Оваа година ќе го слушаме регионалниот тандем број 1 кој го сочинуваат продуцентите од Бања Лука Младен Томиќ и Синиша Тамамовиќ, како и во моментов најистакнатиот херој на српската сцена Илија Ѓоковиќ чиј авторски хит-сингл „Atom“ се наоѓа на прво место на најважните светски техно топ листи! Уште повпечатливи б2б сетови носат хрватскиот продуцент Lawrence Klein и сараевскиот диџеј Forniva, како и српскиот тандем Милош Вујовиќ и Ranchatek, чија музика ја објавува и Carl Cox! Оваа година на Арената ќе добијат своја прилика и новите надежи како што се сѐ повеќе популарниот хаус диџеј Runy, како и белградскиот продуцент Coeus, чија музика ја врти и супер-популарното дуо Tale of Us!

Ги снемува EXIT влезниците со заштеда од дури 55%!

Во моментов во продажба е ограничениот контингент комплет EXIT билети по цена од 3580 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената за влезница за првиот фестивалски ден, кога настапуваат The Cure, изнесува 1800 денари за партер и 2495 денари за FAN PIT, додека цената за GOLD VIP дневните влезници за 4-ти јули е 6515 денари. Влезниците за EXIT во Македонија можете да ги набавите преку МкТикетс.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.