Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Алфите“ спасија маж од давење во Вардар

Вести

„Алфите“ спасија маж од давење во Вардар

„Алфите“ спасија маж од давење во Вардар

Припадници на полициска единица за прв одговор и интервенција „Алфа“ спречија самоубиство во Скопје. Тие утрово интервенирале по пријава дека повозрасен маж се обидува да се самоубие откако влегол во водите на реката Вардар во Скопје. Со интервенција на двајца припадници на единицата „Алфа“ обидот за самоубиство бил спречен и човекот бил изваден од водите без повреди.

Како што пренесува МКД.МК, мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Двајца припадници на „Алфите” влегле за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие.

Кусо подоцна, мажот бил изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.