Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СКОПЈЕ ЗГРМИ: Лени Кравиц одржа историски концерт во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музика

СКОПЈЕ ЗГРМИ: Лени Кравиц одржа историски концерт во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ВИП арената исполнета до последното место, а публиката желна за вистинска музичка авантура. Така накратко може да се опише вчерашната атмосфера на концертот на легендарниот Лени Кравиц во Скопје.

– „Добровечер, како сте? Многу сме благодарни што сме со вас оваа вечер и ви благодариме на убавото добредојде. Се прошетав низ Скопје и најдов многу љубов во Македонија!“ – се обрати Лени на присутните.

Како што беше и организаторите најавија, на сцената Кравиц остана повеќе од два часа, но и се прошета меѓу обожавателите.

На изведбата на моќната „Let love rule“, пејачот слезе во публиката на партерот и ја обиколи салата поздравувајќи се со фановите.

Звукот во салата беше и повеќе од одличен, земајќи го предвид фактот дека Лени пристигна во Скопје со своја опрема која броеше десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во турнејата.

Присутните се забавуваа на „We can get it all together“, „American woman“, „Low“, „Mr. Cab Driver“, „Dig In“, „Can’t Get You Off My Mind“, „Fly away“, „Are You Gonna Go My Way“, а за бис беа изведени „Stillness of Heart“ и „Again“.

Во продолжение погледнете дел од фотогалеријата на нашиот фотограф Венко Шереметкоски:

This slideshow requires JavaScript.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.