Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Лучија од Ламермур“ оваа среда на репертоарот на 47. Мајски оперски вечери

Настани

„Лучија од Ламермур“ оваа среда на репертоарот на 47. Мајски оперски вечери

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери, на 15 мај ќе се одржи психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа.

Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која што бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи во улогата на Енрико, додека во улогата на Едгардо ќе настапи Ифрим Космин од Романија, кој со својот полн и обоен тенорски глас бележи настапи на многубројни престижни оперски сцени и театри низ светот. Во улогата на Рајмондо ќе настапи гостинот од Србија Иван Томашев, солист на Националната опера во Белград, а во улогата на Артуро Марјан Николовски. Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски ќе ги видиме во улогите на Ализа и Нормано.

Диригент е гостинот од Бугарија Најден Тодоров.

Оваа година дел од Мајските оперски вечери ќе биде и изложбата на фотографии на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ „ Божествена симбиоза“. Проектот се реализира на иницијатива и со финансиска поддршка од Матицата на иселениците од Загреб, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Заедницата на Хрвати во Република Македонија кој се однесува на афирмација на истакнатата музичка уметница Ана Липша Тофовиќ од Република Хрватска.

Проектот има за цел да ги презентира на јавноста животните стории и фрагментите од дејствувањето на Ана Липша Тофовиќ во овие простори преку изложба на нејзините предмети, фотографии, костими, плакати и се што е зачувано. Изложбата ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет од 15 – 31 мај. Отворање на изложбата 15 мај, 19.00 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.