Поврзи се со нас

Популарно.мк

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството

Северна Македонија

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството

СОС Детско село и Капитол мол одлучија на интересен и забавен начин да покажат дека семејството и среќата на децата се најважни. Тие на 15. мај во 18.00 часот пред платото на Капитол мол огранизираат настан по повод Меѓународниот ден на семејството.

Во склоп на настанот ќе се организираат интересни семејни игри, креативна работилница „Го сакам моето семејство“, face painting и супер музичка програма. Водени од важноста на семејството и вклучувањето на што поголем број луѓе во настанот, повторно ќе им покажат на децата од СОС Детско село дека ниту едно дете нема да биде само.

„Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност. Ние градиме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја оформат сопствената иднина и учествуваме во развојот на заедниците.“, е мисијата на СОС Детско село и секој кој ќе го посети Капитол мол и ќе учествува на Меѓународниот ден на семејството – донирајќи и забавувајќи се – придонесува за реализација на оваа мисија.

Воедно, овој период Капитол мол прераснува во уште едно „Место со срце“ каде покрај забавниот шопинг, сите ќе може да донираат за СОС Детско село низ означените продажни места. Таму веќе се поставени посебни касички за донации во текот на овој месец.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Северна Македонија

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.