Поврзи се со нас

Популарно.мк

Со Филхармонијата гостува славниот контратенор Јуриј Мињенко!

Настани

Со Филхармонијата гостува славниот контратенор Јуриј Мињенко!

ФЕЈСБУК

Со Филхармонијата гостува славниот контратенор Јуриј Мињенко!

„По патот на Фаринели“ е насловот на симфонискиот концерт на Филхармонијата кој ќе се одржи овој четврток во 20 часот.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе настапи славниот контратенор од Украина, Јуриј Мињенко, кој заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од Вивалди, Корели, Броски, Глук, Порпора, Хендл.

Инаку, македонскиот диригент Борјан Цанев, со концертот „По патот на Фаринели“, одбележува 20 години од неговиот прв концерт со Филхармонијата на СРМ.
Андрогеност и уникатност на нивната појава, глас со машка сила, а со распон до сопран, вокална виртуозност што плени, екстравагантни костими – се дел од карактеристиките што ги имале кастратите, контратенорите, кои во 17 и 18 век важеле за вистински „поп“-икони на своето време.

Контратенор е класичен машки глас чиј вокален распон е еднаков на женскиот контраалт или мецосопран. Иако по природа се баритони или тенори, контратенорите ретко го користат тој опсег на нивните настапи. Гласот на контратенорот се смета, главно, за феномен на раната музика, но се проширува и современиот репертоар за овие пејачи, затоа што денес се враќа она што полека изумрело особено кон крајот на 19 век… Најпознат кастрат бил Карло Броски – Фаринели, првиот „суперстар“ во историјата. Бил обожаван во Европа, а на претставите постојано му извикувале „Еден бог и еден Фаринели“.

Пеел и пред Луј 15, а во Шпанија со пеење го лечел кралот Филип Петти од лошо расположение, па така стекнал енормна моќ. Имал распон на гласот од три октави и необично долг здив. За него критиката напишала: „Секој што го слушал знаел какво дејство имало врз публиката неговото зачудувачко пеење: екстаза, одушевување, магија“…

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.