Поврзи се со нас

Популарно.мк

БИЛБОРД: Северна Македонија може да победи на Евровизија

Музика

БИЛБОРД: Северна Македонија може да победи на Евровизија

БИЛБОРД: Северна Македонија може да победи на Евровизија

Американскиот магазин Билборд ја вброи песната „Proud“ на Тамара како фаворит на овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

Тие како причина за ваквите предвидувања на песната на Тамара го наведуваат славењето на жената во време на движењето „Јас исто така“ (#MeToo), кое може да допре до многу гласачи, како и до професионалното жири на натпреварот.

– „Ова ќе биде првпат Северна Македонија да се натпреварува под нејзиното ново име. Земјата учествуваше на „Евровизија“ под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Нејзината најдобра изведба беше 12-то место на Елена Ристеска со песната „Нинанајна“, во 2006 година. Ако овогодинешната претставничка Тамара Тодевска се квалификува во финалето со нејзината песна „Proud“, која ја објави на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, тоа ќе биде првото појавување на Северна Македонија во големото финале од 2012 година“ – наведува „Билборд“.

Останатите песни кои се спомнуваат меѓу фаворитите за победа на тековниот избор се Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Русија, Шведска и Холандија.

Тамара ќе настапи на утрешната втора полуфинална вечер на „Евровизија“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.