Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вкупно 22 награди за вината на „Тиквеш“ на натпревари во Британија, Франција и Швајцарија

Храна и пијалоци

Вкупно 22 награди за вината на „Тиквеш“ на натпревари во Британија, Франција и Швајцарија

Вкупно 22 награди за вината на „Тиквеш“ на натпревари во Британија, Франција и Швајцарија

Дури 17 вина на „Тиквеш“ се наградени на годинешниот меѓународен вински натпревар – „International Wine Chalenge (IWC)”, кој по 36-ти пат се одржа во Лондон, В. Британија.

Поради ригорозната методологија за оценување на квалитетот на вината, овој натпревар меѓу познавачите важи за еден од најпрестижните светски вински натпревари. Годинава на IWC се натпревруваа вина од 40 земји, меѓу кои и вина кои потекнуваат од најпознатите светски вински региони. Панелот на вински судии задолжени за оценување на вината го сочинуваа дури 400 меѓунaродни експерти.

Во ваква жестока конкуренција, седум вина на ВВ„Тиквеш“ добија сребрени, а осум вина бронзени медали, додека две вина се посебно пофалени. Меѓу наградените се најдоа вина од сите сегменти на винското портфолио на „Тиквеш“, почнувајќи од линијата „Александрија“, преку вината од линијата „Special Selection“, па сѐ до врвните ‘тероар’ вина „Барово“, „Бела Вода“ и „Домен Лепово“, класифицирани во новата линија „Tikveš Chateaux & Domaines“.

На уште еден престижен меѓународен вински натпревар, специјализиран за розе вина, што се одржува во Кан, Франција, виното на ВВ„Тиквеш“ – „Александрија Куве розе 2018“ беше единственото вино од целиот поширок регион што доби златен медал.

На годинешното издание на познатиот вински натпревар „Concours Mondial De Bruxelles“ што се одржа во Швајцарија, а на кој учествуваа 9150 вина од 46 земји, четири вина на „Тиквеш“ освоија награди, меѓу кои и виното „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ кое е наградено со златен медал.

Со овие награди, освоени на престижни светски вински натпревари, „Тиквеш“ одново го зацврствува реномето – најтрофејна винарница од овој дел на светот и воедно обезбедува дополнителни потврди од реномирани извори за високиот квалитет на вината од нашето поднебје.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.