Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Викендов нагло затоплување, идната недела повторно локална дестабилизација со невреме

Временска прогноза

Викендов нагло затоплување, идната недела повторно локална дестабилизација со невреме

Викендов нагло затоплување, идната недела повторно локална дестабилизација со невреме

Под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата територија од утре па натаму ќе има брз и значителен пораст на температурите на воздухот кој насекаде ќе се искачат над 20 степени додека во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат околу 30 степени.

Поради јужното и југозападното воздушно струење повторно од Сахара кон нашата држава ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок со што кај метеопатите токму поради ова можно е да се појават нови здравствени проблеми.

Утре времето ќе биде постабилно односно сончево со умерена облачност а попладне само во планинските предели има услови за локален краткотраен дожд и грмежи и тоа особено на северозапад од земјава, во недела попладне а особено во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилвен ветер. Локално процесите можно е повторно да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Потоа и во текот на следната недела повторно ќе има услови за повремено дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи и грмежи.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Временска прогноза

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.