Поврзи се со нас

Популарно.мк

Наум Петрески со нова песна ја најави турнејата во Австралија

Промо

Наум Петрески со нова песна ја најави турнејата во Австралија

Наум Петрески со нова песна ја најави турнејата во Австралија

Наум Петрески сними нова песна со наслов „До зори“.

И овој пат инспирација за песната се кафеаните и дружењето со пријателите кои долги години се секојдневие во животот на големиот боем и „грло ненапеано“ Наум Пертрески. Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната е снимена во студиото Анастасија.

Гласот на Наум Петрески, веселиот и брз ритам на песната која е снимена со еден од нашите најдобри блех оркестри мајсторите на трубата УСКА КАН кои се добитници на златна труба на интернационалниот трубачки фестивал во Гуча ветуваат хит кој ќе ги освои срцата на сите љубители на добриот звук и веселата песна.

Песната е во продукција на долгогодишните соработници на Наум Петрески АВОРД ПРОДУКЦИЈА кои беа организатори и на неговиот голем јубилеен концерт на кој Наум одбележа 30 години на естрадата. Видео спотот за песната го направи АРТ СТУДИО,а снимен е во атрактивниот амбиент на новиот ресторан РАГУСА 360.

Промоцијата на новата песна се совпаѓа со заминувањето на Наум на двомесечна турнеја во Австралија на која Наум ќе одржи концерти во повеќе градови во организација на социјалното друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн.

Во прилог е линкот од најновата песна и видео запис.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.