Поврзи се со нас

Популарно.мк

Светски славната EXIT Dance Arena стигнува на Sea Dance, а со неа и глобалниот техно татко Sven Väth!

Музика

Светски славната EXIT Dance Arena стигнува на Sea Dance, а со неа и глобалниот техно татко Sven Väth!

Светски славната EXIT Dance Arena стигнува на Sea Dance, а со неа и глобалниот техно татко Sven Väth!

Надалеку славната Денс Арена, легендарната бина на ЕГЗИТ фестивал, но и една од најголемите и најдологовечни светот, ова лето пристигнува на Јадранот, и тоа првата ноќ на досега најсилното издание на СИ ДЕНС (Sea Dance) фестивал!

Покрај спектакуларната продукција, како прв хедлајнер во ова специјално морско издание на фамозната Арена, доаѓа и еден од најголемите електронски уметници на сите времиња, таткото на глобалното техно движење и трикратен добитник на наградите за најдобар светски диџеј Свен Ват (Sven Väth)!

Човекот кој ги испиша минатото, сегашноста, а со сигурност и иднината на електронската музика, создавајќи го современиот звук на неколку водечки музички стилови на денешницата, фановите популарно го нарекуваат Папа Свен, признавајќи му ја на тој начин неговата вистинска улога на двигател и лидер на светската техно заедница. Славниот Германец од Франкфурт, на главната бина покрај тиркизното море ги носи хитовите кои го направија симбол на европскиот денс звук уште од раните деведесетти, но и најновите изданија на една од најголемите издавачки куќи во историјата „Cocoon“ која веќе две полни децении ги обликува трендовите на светската електронска сцена објавувајќи изданија на продуценти како што се Ричи Хотин, Рикардо Вилалобос, Гај Гербер и десетина други.

А 20 години работа без престан ова лето слават и „Cocoon“ журките, кои се неизбежен дел од понудата на Ибица, славниот шпански остров и најважната дестинација за ноќен провод, додека Свен за оваа голема прослава во својот календар ги вклучи некои од најголемите фестивали на планетата меѓу кои ова лето е и „Си Денс“! Неговиот прв настап во Црна Гора пристигнува во моментот кога тој е поголем од било кога и додека го следат десетина милиони фанови ширум светот кои со него влегле во светот на електронската музика за чија константна ренесанса тој се грижи од година во година, веќе полни три децении.

Шестиот „Си Денс“ ќе биде одржан од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември, а покрај Свен Ват, настапите ги потврдија и најуспешниот музички продуцент на 21-иот век и еден од најбараните музички изведувачи на светот Дејвид Гета, водечкиот германски продуцент и диџеј Робин Шулц и француската клупска сензација, дуото Офенбах. Тука се и регионалните асови како што се големиот Дарко Рундек, моќната Сенида и некои од најпопуларните балкански рапери.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.