Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Гори“- нов летен хит на Тајзи (ВИДЕО)

Промо

„Гори“- нов летен хит на Тајзи (ВИДЕО)

„Гори“- нов летен хит на Тајзи (ВИДЕО)

„Гори“ е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната е на македонски јазик и како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која беше вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан.

„Гори“ е снимена во студиото на еден од најдобарите продуценти во Македонија , Лазар Цветковски кој беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година , автор на многу хитови на наши артисти како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од овогодинашниот евровиски тим на Тамара кој не претставуваше во Израел.

Музиката и текстот се на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.

Спотот е во режија на Даниел Јовески , наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.

„Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш повторно. Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група од Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.

Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera за која ќе се снима спот во Белград , кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од Балкатон продукција.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.