Поврзи се со нас

Популарно.мк

Стинг ќе настапи во Скопје со продукција како на фестивалот „Егзит“

Настани

Стинг ќе настапи во Скопје со продукција како на фестивалот „Егзит“

Стинг ќе настапи во Скопје со продукција како на фестивалот „Егзит“

Американскиот пејач Стинг во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“. Може да се каже дека концертот на Стинг ја крена Македонија на нозе, билетите за 2 јуни, „одат како алва“, а „еnglishman in New York“ во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот. И уште нешто ексклузивно – неговиот нов албум „My songs“ излегува задутре.

– „За нас, концертите од светски калибар ни се празници. Концертот на Стинг е досега наш најамбициозен проект, ако не ги броиме настапите на Карлос Сантана и на Џејмс Браун, само на јужната трибина од Градскиот стадион. Комплетната продукција  од фестивалот „Егзит“ го работи концертот, тие ќе дојдат во Скопје, два дена пред музичкиот настан, со нив ги работевме и концертите на „Ајрон мејден“ и на Ејми Вајнхаус, на Калемегдан, во Белград“, изјави Бобан Милошевски од „Авалон“.

На концертот се очекува 20-30 илјади публика, билетите се во строго ограничен број, а Влатко Стефановски е специјален гостин на Стинг.

Цената на билетите се движи од 1.500 денари за партер, пред бината за 3000 денари, сребрени седишта по 2000 денари, златни-по 3000 денари и ВИП за 5000 денари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.