Поврзи се со нас

Популарно.мк

Тијана испрати силна порака – овие (не)луѓе да најдат една работа на која ќе бидат горди! (ВИДЕО)

МК Сцена

Тијана испрати силна порака – овие (не)луѓе да најдат една работа на која ќе бидат горди! (ВИДЕО)

Коментарите за настапот на македонската претставничка Тамара Тодевска на Евровизија не стивнуваат.

Нејзината сестра, Тијана Дапечвиќ, на социјалните мрежи, но и низ медиумите, постојано ја бодреше својата сестра и ја бранеше од негативните коментари.

Таа објави на социјалната мрежа Инстаграм како свири на виолончело, со силна порака:

Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија???“, „Не пишувај така , подобро остани во Србија?“, „ Зошто не се вратиш во таа Македонија која веќе толку ја сакаш?“, „Дијаспората не издаде…“

Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате , ни себе, ни некој друг.

А сега да одговорам на вашите прашања:

„Proud“ е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако појма нема ни кој е самата таа во моментот , а не пак што е Евровизија.

„Proud“ е кога сме со месеци сите како на игли додека се одбира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува.

„Proud“ е кога таа ќе дојде на сцена,а јас имам впечаток дека се дошло. И како да никој пред неа не бил тука.

„Proud“ е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема.

„Proud“ е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање.

„Proud“ е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш.

„Proud“ е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие дигитални (не)луѓе ,нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и се одеднаш ќе има поубава смисла.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.