Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?! (ВИДЕО)

МК Сцена

Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?! (ВИДЕО)

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот Femme Fatale.

„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење.“ – рече Сара Мејс.

„Со артист кој може све, ондак не правиш ништо, особено не банални сценарија. Тие ги оставаме за оние у креативен занес. Правиме музика што ни се свиѓа и спотови у кои се забавуваме, а несакајќи све си изгледа cool.“ – вели Александар Ристовски – Принц.

Во “Копито“ Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.

Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.