Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗОО СКОПЈЕ: Забава со ЏП, Стефонатор и Денсерс Јунајтед за крајот на училишната година

Настани

ЗОО СКОПЈЕ: Забава со ЏП, Стефонатор и Денсерс Јунајтед за крајот на училишната година

За да го прослават крајот на училишната година и да се радуваат на распустот кој следува, на 9-ти јуни во Скопје ЗОО, за учениците се подготвува возбудлив настан.

Со почеток во 13:00 , посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип хоп, „DANCERS UNITED“ .

Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.

За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.