Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Голема бродска несреќа во Будимпешта

Свет

Голема бродска несреќа во Будимпешта

Голема бродска несреќа се случи во Будимпешта во која, според последните информации бројот на жртви се искачи на седум, а околу 20 лица се водат како исчезнати.

Брод за крстарење синоќа се преврте и потона во реката Дунав во Будимпешта, објави унгарската национална телевизија, повикувајќи се на информации од министерството за внатрешни работи.

Телевизијата М1 објави дека 15 луѓе биле спасени по несреќата во близина на познатата зграда на парламентот во центарот на унгарската престолнина по судирот со друг брод.

Нуркачи трагаат по исчезнатите, но силниот дожд во изминатите недели го зголеми нивото на реката со што е отежната потрагата.

На бродот имало 32 патници и двајца членови на екипажот. Државната новинска агенција МТИ објави дека поголемиот дел од патниците биле азиски туристи.

Властите забранија пристап до местото на несреќата, а на брегот има бројни спасувачки возила.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Свет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.