Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започнува полагањето на државната матура

Северна Македонија

Започнува полагањето на државната матура

Започнува полагањето на државната матура

Со екстерниот испит по странски јазик (англиски, француски, германски или руски) денеска од 10 часот почнува полагањето државна матура за учебната 2018/2019 година, за која годинава се пријавени вкупно 15 553 ученици. Од нив 7 692 се од гимназиско образование, 7 604 од средното стручно и 257 од средното уметничко образование.

Според податоците од Државниот испитен центар, за денешниот испит по странски јазик се пријавени 14 413 за англиски јазик, 59 за француски, 201 кандидат за германски јазик и 15 за руски.

Идната сабота ќе се спроведе екстерниот испит по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, за кој вкупно се пријавени 15 279 матуранти. Македонски јазик ќе полагаат 10 386 матуранти, албански 4 566 и турски 327.

На 11 јуни е полагањето на третиот екстерен испит. Новина годинава е што меѓу предметите првпат може да се избере и социологија, за кој се пријавени 569 кандидати. Како и на минатите државни матури, најмногу пријавени има за бизнис (4 206), за историја 2 407, биологија ќе полагаат 3 631, филозофија 2 691, хемија 227, физика 128 и естетика 166 матуранти.

На 13 јуни е тестот по математика со 2 049 пријавени кандидати.

За спроведвање на државната матура се ангажирани 2 388 наставници-тестатори и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар и од Бирото за развој на образованието.

Согласно со законскиот рок, според кој првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна еден месец по одржувањето на последниот испит, тие се очекуваат до 13 јули 2019.

Кандидатите што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може повторно да полагаат во августовската сесија, на 12, 13, 14 и 15 август кога испитите се по ист редослед како и во јуни.

Проектот државна матура во земјава се организира од 2007 година. Положената државна матура е услов за запишување на факултет. Матурантите што не планираат високо образование, полагаат училишна матура.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Северна Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.