Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вардарци на гости кај премиерот Заев и претседателот Пендаровски (ГАЛЕРИЈА)

Северна Македонија

Вардарци на гости кај премиерот Заев и претседателот Пендаровски (ГАЛЕРИЈА)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на РК ,,Вардар” кои на 2 јуни ја освоија титулата Европски првак, откако во финалето на завршниот турнир во финалето на Лигата на шампионите во Келн, Германија го совладаа унгарскиот ракометен клуб ,,Веспрем”. 

На следната седница на Владата ќе предложам доделување на награда од 500.000 евра рече премиерот Заев, додавајќи дека Агенцијата за млади и спорт ќе додели дополнителни 100.000 евра, покрај веќе донесената одлука за доделување на 100.000 евра од Советот на Град Скопје.

– „И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на Клубот, на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму. Нема поголеми амбасадори на нашата земја, од спортот и затоа сме посветени за изнаоѓање начини за понатамошна работа, преку законски решенија и со помош на државните институции“, рече премиерот Заев додавајќи дека стратешката цел на Владата е да се гарантира самостојност и развој на спортот, што веќе се презема со „ваучерскиот систем“, каде се обезбедуваат 6 милиони евра, со тенденција финансиската помош да порасне на 10 милиони евра.

Премиерот Заев рече дека е среќен што клубот „Вардар“ постои, повика на сплотеност и додаде дека државата ќе возврати со влог во спортот и преземање на сите потребни мерки за одржливост на Клубот.

Од ракометниот клуб „Вардар“ премиерот Заев доби црвено-црн дрес со број еден, на кој е испишано неговото презиме.

Ракометарите на „Вардар“, кои во својата историја по вторпат ја освоија титулата во Лигата на шампионите, на средбата со премиерот Заев го донесоа и шампионскиот пехар и топката од решавачкиот натпревар.

Претседателот Стево Пендаровски им честиташе на ракометарите и за тоа што не потклекнале на одредени обиди за политизација и комерцијализација на нивниот успех, напротив, како што рече, од почетокот, до крајот на спортскиот поход, покажаа дека не се ничија сопственост, туку дека се дел од клубот, од градот, од државата и од нацијата. 

„Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата“, рече претседателот Пендаровски. 

Голема благодарност за убавите зборови и искажаните пофалби изрази сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Клубот не го чувствувам како мој, ова е народен клуб, рече Самсоненко, ветувајќи дека клубот и во иднина упорно ќе се стреми кон поголеми успеси. 

Ракометарите во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, го донесоа европскиот пехар, а на претседателот Пендаровски, како спомен, му дадоа дрес од клубот со број 1, и топка со нивни потписи. Потписот на претседателот Пендаровски, пак, е на топката која тој им ја подари, посакувајќи им натамошен успех на професионален и на личен план.

This slideshow requires JavaScript.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Северна Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.