Поврзи се со нас

Популарно.мк

Харизмата на Андре Риу го освои Скопје (ФОТО)

МК Сцена

Харизмата на Андре Риу го освои Скопје (ФОТО)

Сензационален настан – фантастичен, од почеток до крај.

Андре Риу и неговиот „Јохан Штраус“ оркестар го претворија Скопје во европска метропола. Перфектно од почеток до крај, технички доведено до совршенство, а екипата одлична во секој поглед, па на моменти не си сигурен дали се само врвни музичари, или врвни актери кои знаат одлично да забавуваат.

Шоуто (не концертот) беше исполнето со музика, приказни, хармониски патопис низ Италија, Шпанија, Германија, Русија и забавни сегменти што не дозволуваа ни минута да го загубите вашето внимание на визуелно совршената сцена.

Шармантниот Холанѓанец, кој 32 години го води оркестарот „Јохан Штраус“, духовито раскажуваше за патувањата низ светот, за искуствата како ги запознавал музичарите и порача дека „музиката има моќ да лекува и само таа нема граници“.

Присутните танцуваа, се смееја, пееја заедно со фасцинантните солисти од неговиот конзерваториум – едноставно уживаа во два и пол часовното шоу.

Риу точен до последната секунда, во 20:00 се појави на сцената, а на македонската публика и требаа уште цели 30 минути да влезе во салата, па на почетокот на шоуто им беше забранет влез, се додека Риу не се смести и не почна на сцената. Нивната некултура беше повеќепати критикувана од Андре, а инсерти од доцните пристигнувања беа евидентирани и од камерите кои даваа пренос во живо на неколку видеобима во салата.

Во „ВИП арената“ скоро и да немаше слободно место, а публиката беше дојдена дури и од соседните Косово, Албанија, Грција за да го проследи шоуто на Виртуозот.

Андре Риу ја поздрави македонската публика со најубавата изведба на „Македонско девојче“.

 

За нас, еден од најубавите настани годинава.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.