Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во петок стартува новата сезона на Аква Паркот во Скопје

Ви препорачуваме

Во петок стартува новата сезона на Аква Паркот во Скопје

Во петок стартува новата сезона на Аква Паркот во Скопје

Во петок, со почеток од 10:00, ќе стартува новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.

Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти, 10-те атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок. Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.

Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.

Ве очекуваме на отворање, петок (14.06.2019), вип Аква Парк.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.