Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рекорден број посетители од Македонија и регионот пристигнуваат на EXIT!

МК Сцена

Рекорден број посетители од Македонија и регионот пристигнуваат на EXIT!

Рекорден број посетители од Македонија и регионот пристигнуваат на EXIT!

Овогодишниот ЕГЗИТ по речиси сите параметри ги надминува сите претходни изданија во дведецениската историја на најголемиот фестивал на овие простори.

Еден од рекордите ќе биде и бројот на посетители од некогашната Југославија, кои токму на Егзит прв пат масовно се собраа по немирите од деведесеттите години на минатиот век. Во време кога зачестија обидите да се дискредитира секоја општествена акција на полето на соработка и воспоставување на нормален соживот во регионот, младите од сите страни одговараат во свој стил – со конкретни акции. Покрај Хрватска, од која на ЕГЗИТ пристигнуваат рекордни 5.000 посетители, рекорди ќе остварат и посетителите од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, што го прави ЕГЗИТ најзначајниот собир на младите во нашиот регион. Колосалното здание од 18-ти век стана планетарно славно заедно со Фестивалот, а од оваа година ќе го носи и неформалното име „Тврдина на мирот“ благодарение на уметничката инсталација на славната Јоко Оно (Yoko Ono) која со Егзит, како единствениот голем светски фестивал настанат од општествениот активизам, воспостави соработка со заедничка желба за здружување на силите во мировните проекти.

Основачот на Егзит, Душан Ковачевиќ вели дека со фестивалите во регионот и размената на луѓето од сите краеви на поранешна Југославија доживеал нешто што беше студентски сон на цели генерации: „Тешко ми е да објаснам како се чувствувавме изолирани едни од други во времето пред Егзит. Како некој да стори нешто против самата природа, бидејќи нам младите во тоа време ни забрани да се дружиме со луѓето кои говореа ист јазик, слушаа иста музика, сонуваа за исти нешта. Но како можат да нѐ спречат да одиме на Јадран или ЕГЗИТ, на Јахорина или Башчаршија, на Блед или Охрид? Кога во 2001-ва конечно повторно се собравме на Петроварадинската тврдина, како дел од нормалниот живот повторно да започна да тече.“

Покрај младите луѓе, новосадскиот фестивал во претходните 19 години беше и најзначајниот собир на музичарите од целиот регион, па така на Егзит досега повеќе пати настапија Дубиоза колектив, Хладно Пиво, Јосипа Лисац, Влатко Стефановски, Дарко Рундек, Горан Трајковски, Пипс Чипс и Видеоклипс, Кирил Џајковски, Дамир Урбан, Зостер, Рамбо Амадеус, Лет 3, Масимо, Лолобриџида и речиси сите поважни регионални изведувачи и бројни демо бендови. Оваа година не е ништо поинаку па тука се Крешо Бенгалка, Војко В, Смат, Свемирко, Атлас еротика, Хелем Нејсе, Елвис Џексон, Кранкшвестер, АБОП, Кукус, Хај5, Ху Си, Френки, Контра и Индиго, Афтер Афер, Ана РС, Раивен и бројни други изведувачи од целиот регион кои ќе настапат пред публиката од преку 90 земји во светот, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Првите гости на Егзит пристигнуваат веќе на почетокот на јули, новосадските хотели се веќе со недели распродадени, додека ограничена количина од сместувачките капацитети останува уште во кампот на ЕГЗИТ и приватните апартамани. На Петроварадинската тврдина на големо се спроведува работата за поставување на околу 40 бини и зони ширум фестивалскиот простор, чиј капацитет оваа година ќе биде дополнително проширен.

Петроварадинската тврдина од 4-ти до 7-ми јули ќе ја освојат едни од најактуелните имиња, но и живите легенди на светската сцена, меѓу кои се рок титаните Д Кјур (The Cure), како и Грета Ван Флит (Greta Van Fleet), Карл Кокс (Carl Cox), Скепта (Skepta), Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike), Диџеј Снејк (DJ Snake), Д Чеинсмоукерс (The Chainsmokers), Лост Фриквенсис (Lost Frequencies), Чејс енд Статус (Chase&Status) и Даб Еф-Икс (Dub FX), Софи Такер (Sofi Tukker), Том Волкер (Tom Walker), Масео Плекс (Maceo Plex), Шарлот Де Вит (Charlotte De Witte), Борис Брејча (Boris Brejcha), Пеги Гу (Peggy Gou), Џеф Милс (Jeff Mills), Амели Ленс (Amelie Lens), Фил Анселмо и Д Илигалс (Phil Anselmo & The Illegals), Тарја Турунен (Tarja Turunen) и многу други.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.