Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Толеранција до балчак

Колумни

Толеранција до балчак

Толеранција до балчак

„Со него нема никаква спогодба , затоа што не мисли како мене…“

Нема дијалог кога си убеден во сопствената непогрешивост, а прагот на толеранција си го оставил пред прагот на портата за преговори за кои ти е преку балчак.

Просторот за отворени јавни дебати со години е сѐ потесен, дебата на неистомисленици веќе и не постои ! Мерката за вистинските вредности се изгуби со губењето на дебати и отворени дијалози преку медиумите, чија главна улога е да обезбеди различни мислења од соговорниците. Заблуда е да се мисли дека секој дијалог мора да е објективен и исправен, затоа што многу вешто, за жал сѐ почесто и невешто, се кријат важните факти за аргументација.

Дијалектиката на ставовите не смее насилно да се прекинува, замолчува или одложува, туку да се одржува во кондиција до конечно решение. Но, треба да се има став, цврст став, особено кога се работи за државни прашања од национален интерес.

Дијалогот се скаменува во неслободната политичка реалност каде доминира интересот, кој дрско го турка мислењето на критичката јавност. Критичка јавност не е исто што и критизерската јавност која хејта, омаловажува, користи ниски страсти и вулгарности. Без автокритичност, толеранција кон различно мислење и ставови, без наклонетост кон вистината (една од најтешките философии е поимањето на вистината) нема комуникација, дијалог, нема дебата, нема прогрес ниту решение… Та нели сме комуникативни суштества и сѐ што ни треба е разговор на маса и дебатирање со различни аргументи ?

Само масата некој да ни ја сервира, за да може добро да се накркаме, да ги извалкаме рацете, но и да ги измиеме пред да го допреме лицето…Ако воопшто го имаме , оти толерирајќи туѓи интереси за личен теснограден бенефит без јакнење на универзални вредности, се обезличивме до балчак.

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.