Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Водечките светски медиуми: EXIT e крунски дијамант меѓу фестивалите!

Музика

Водечките светски медиуми: EXIT e крунски дијамант меѓу фестивалите!

Водечките светски медиуми: EXIT e крунски дијамант меѓу фестивалите!

Интересот за овогодишниот EXIT е поголем од кога и да било во неговата деветнаесетгодишна историја.

Цела серија на билети заминаа многу порано, во Србија пристигнува рекорден број на гости од регионот, а вкупниот број на странски гости бележи пораст од дури 30 проценти. Веќе е очигледно дека овогодишното издание ќе ги надмине претходните, а во прилог на тоа говорат и пофалбите од медиумите со глобално влијание кои пристигнуваат од сите краеви на светот. Најзначајниот британски музички магазин NME, посвети цел текст за EXIT и неговата богата активистичка историја, именувајќи го како „четиридневна прослава со речиси сите музички правци што постојат“. NME ги истакна и многубројните општествени кампањи, како што е проектот Youth Heroes, кој ги промовира вистинските примери за младите преку наградување на вистинските млади херои. Самата локација Петроварадинската тврдина е опишана како „најидиличното место за дочек на изгрејсонцето“. Пофалните зборови не ги штедеше ни моќниот Rolling Stone, во насловот споменувајќи ги The Cure, Skeptа, Greta Van Fleet и Paul Kalkbrenner, препорачувајќи дека иако почетокот на фестивалот е закажан на 4-ти јули, годинешното издание на EXIT веќе го оствари успехот.

И британскиот Mirror на своите читатели им го препорачува EXIT и неговата „легендарна арена“ како неизбежна станица меѓу „совршените журки“. По минатогодишните пофалби за програмата од страна на американскиот магазин Forbes, и руското издание на ова познато списание, истакна дека фестивалот на тврдината е еден од седумте најдобри во Европа! „Светската бизнис библија“ наведува дека програмата е проследена со водечки музички имиња, но ги издвојува и спектакуларниот камп на една од најубавите песочни плажи на Дунав, како и шареноликата понуда на храна и пијалак што ја нуди фестивалот. Дека интересот е голем од исток до запад, најдобро го потврдува фактот што американскиот Forbes повторно подготвува, овој пат, уште поголема приказна за EXIT, која ќе биде објавена непосредно пред почетокот на фестивалот.

И експертите на светската електронска сцена, DJ Mag, посветија голем напис за познатото музичко случување, најавувајќи го како еден од „крунските дијаманти“ меѓу фестивалите, истакнувајќи ја „слободата на изразување, експериментирање и активизам“ како отскочна можност, а на читателите им е претставена листата од 10 најлегендарни настапи на Dance Arena. Покрај тоа, EXIT се најде и меѓу најдобрите фестивали за 2019 година, а овој податок има поголемо значење, поради фактот што во гласањето за DJ Mag листата учествувале најдобрите светски уметници од електронската сцена. Уште едно водечко име на електронската музика, Mixmag, истакна дека EXIT e на прво место меѓу петте задолжителни фестивалски дестинации.

И кај популарниот GQ магазин, EXIT често е на радарот за фестивалски провод, па руското издание го вброи овој фестивал меѓу 20 најдобри летни фестивали. Познатиот Cosmopolitan го преодложува EXIT како дестинација за годишен одмор на своите читател, наведувајќи дека фестивалот ја направи Србија да биде незаобиколна постојка за сите сериозни љубители на добар провод ширум светот. Clash магазинот реши да помогне на читателите со текстот за пет незаборавни настапи на овогодишниот фестивал, со зборови дека годинешнава програма веројатно ќе воспостави репутација за EXIT како една од „најголемите европски фестивалски дестинации“, а славниот туристички водич Conde Nast Traveller се осврна на активистичката иницијатива на фестивалот, како и на локацијата која со своите ровови, кои потсетуваат на амфитеатри, го одзема здивот на публиката.

За континуираната експанзија на популарноста на EXIT фестивал низ планетата земја говори и фактот дека весникот со долга традиција, индискиот Hindustan Times, го опфаќа EXIT во текстот посветен на Нови Сад, најавувајќи дека музичкиот настан на тврдината со многу луѓе надвор од границите на Србија и Европа е првата асоцијација кога ќе се спомене Нови Сад. Шкотскиот The Sun не пропушти во текстот за Белград да го истакне и Нови Сад, како и заклучокот дека ЕXIT е „дијамант“ на овој град како Младинска престолнина во Европа за 2019 година. Францускиот Les Inrocks заклучи дека годинешната програма ги поместува границите, а со пофалби се приклучија и други медиуми од таа земја, како Trax Mag и Madmoizelle. Потврда дека љубителите на електрониката и тоа како го почитуваат EXIT пристигна од порталите за електронска музика како што се Deep House Amsterdam, Rave Jungle, The Groove Cartel и Data Transmission. Шареноликата фестивалска понуда ја истакна и британскиот Timeout, a Faze Mag од Германија обрати внимание на музичката програма богата со врвни имиња со зборовите дека организаторите „апсолутно“ заслужуваат восхит за таквиот потфат, додека рускиот The Village остана фокусиран на главните ѕвезди на сите водечки фестивали оваа година, The Cure.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.