Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Голем „анплагд“ концерт на НОКАУТ во Интермецо!

МК Сцена

Голем „анплагд“ концерт на НОКАУТ во Интермецо!

Овој четврток сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле Интермецо каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма.

На неодамна реновираната летна тераса на Интермецо за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со неповторливите момци од Нокаут.

Анплагд концертот на Пере и дружината стартува во 22 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови.

Така, освен актуелниот хит „Кога ме сакаш ти“, кој воедно е најава за четвртиот студиски албум кој треба да излезе годинава, присутните ќе уживаат и во добро познатите „Лебедот бел“, „Што бараш ти во мојата песна“, „За нас“, „Знаеш каде да ме најдеш“, „Би се викал те сакам“, „Позитивно“… Ова ќе бидат само дел од темите кои момците ќе ги отсвират на сцената, на летната тераса на кафулето Интермецо.

Затоа не заборавајте – во четврток сите патишта водат кон Интермецо.

Старт 22 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.