Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Менса Македонија и Татјана Алексиќ одржаа предавање на тема „Сексуална интелигенција“

Образование

Менса Македонија и Татјана Алексиќ одржаа предавање на тема „Сексуална интелигенција“

Во организација на Менса Македонија, на 26 јуни беше реализирано тестирање на 14 испитаници од различна возраст за проверка на коефициент на интелигенција, трето по ред од циклусот отворени предавања во соработка со Филозофски факултет на УКИМ, а второ со троцифрен број посетители.

Темата беше Сексуална интелигенција, за што зборуваше професорката Татјана Алексиќ пред полна свечена сала на видлива заинтересираност и интерактивност од страна на присутните.

Професорката се заблагодари на големиот одsив, на довербата од страна на МЕНСА и образложи дека се обраќа како некогашен уредник и водител на емисијата Сексуална азбука која се емитуваше на МРТВ 2011 -та година, поддржана од докторскиот тим на проф. д-р Викторија Вујовиќ, проф.д-р Славица Арсова,проф. д-р Горан Димитров и проф. д-р Сотир Ставридис.

Во прилог дел од нејзиното предавање: ,,Сексуална интелигенција не е само познавање на репродуктивиот систем, информации за сексуално преносливи болести, ниту сексуални техники и вештини ,туку многу подлабoко познавање и препознавање на својата и партнерската сексуалност. Клуч за сексуалната интелигенција е кога ќе препознаеме дека имаме здрава и автентична потреба за водење љубов со саканиот партнер. Треба да се прави разлика помеѓу нагонски (биологија и хемија), релациски (љубов) и заменски секс (злоупотреба). Нашата сексуалност е поврзана со мозокот, единствениот релевантен сексуален орган, другите се помагала. Тука почнува и процесот на вљубување и одљубување , сакање, љубов,, желбата за секс и сѐ во врска со сексуалноста. Кога ќе ги поврземе работите со нашето , срце и душа доаѓаме до ниво на сексуална интелигенција, и нашата сексуалност ќе биде топла, рационална, емоционална, мудра, привлечна, трајна… Сексуална интелигенција е синтеза на рационална, емоционална и духовна интелигенција, што значи треба да ги развиваме сите девет нивоа на интелигенција, а не да го развиваме бројот на партнери и промискуитетноста” .

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Образование

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.