Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мајли Сајрус и Калвин Харис доаѓаат на „Сани хил“ во Приштина

Музика

Мајли Сајрус и Калвин Харис доаѓаат на „Сани хил“ во Приштина

Мајли Сајрус и Калвин Харис доаѓаат на „Сани хил“ во Приштина

Фестивалот „Sunny Hill“ е меѓународен музички фестивал со највисоки стандарди, кој ја става Приштина на мапата на фестивали како културно место што не треба да се пропушти, во земја што ја сака музиката и знае како да се забавува.

Фестивалот „Sunny Hill“ ги поканува сите љубители на музиката од целиот свет да дојдат и да уживаат во несекојдневниот настан, како и во изведбите на некои од најпознатите изведувачи на нашето модерно време.

Фестивалот може да се пофали со импресивна листа на изведувачи.

Со објава на социјалните мрежи, една од најпознатите пејачки на денешницата, Дуа Липа, објави дека едно од најголемите музички имиња ќе учествува на „Sunny Hill“. Освен светски познатиот Мартин Гарикс, оваа година во Приштина ќе настапува и славниот диџеј од Шкотска, Калвин Харис. Дуа Липа и Калвин Харис соработуваа на песната „One Kiss“.

На „Sunny Hill“, организиран од таткото на Дуа Липа, Дукаѓин, кој се одржува на 2, 3 и 4 август, се очекува да дојде и светската ѕвезда Мајли Сајрус.

Ова го објави Дуа Липа, преку постирање на Инстаграм.

„Конечно ви го претставувам третиот и последен хедлајнер на фестивалот „Sunny Hill“. Најдов една драга пријателка, која има порака за „Sunny Hill“. Приштина и Косово, дали сте подготвени за Мајли Сајрус?“, напишала Дуа, пренесува „Телеграфи“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.