Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боки до Рускоска: „Се извинувам што ве прекинувам додека зборувате лаги“

Актуелно

Боки до Рускоска: „Се извинувам што ве прекинувам додека зборувате лаги“

Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ е епилогот од вчерашниот ден, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јаневска си поднесе неотповиклива оставка.

Двајцата осомничени до доцна синоќа беа на распит во Кривичниот суд, по што Судот излезе со официјално соопштение во кое ја потврди мерката притвор.

Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија, изјави доцна синоќа пред судот обвинителката Вилма Рускоска.

Таа потврди дека Јовановски бил задржан на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство. Рускоска посочи дека обележани пари како доказ нема, но имаат обезбедено разговори и видеоснимки.

Додека зборуваше пред Судот, Боки 13 кој беше носен со лисици на рацете помина покрај неа.

„Се извинувам додека зборувате лаги што ве прекинувам“, рече тој, пренесе Фактор.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага. На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска вчера на прес-конференција го образложи случајот и доказите со кои се отвори истрагата, но не ги соопштени идентитетите на осомничените, заради почитување пресумпција на невиност, ниту пак, идентитетот на обвинителот врз кој двајцата приведени имале влијание.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.