Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Каде на појадок во Скопје?

Ви препорачуваме

Каде на појадок во Скопје?

Каде на појадок во Скопје?

За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете. Појадокот, како најважен оброк во денот мора да биде внимателно одбран.

Доколку сте љубител на бурек и пецива, пекара Бакал која се наоѓа во ГТЦ Скопје на приземје, е вистинскиот избор!

Тука ќе најдете огромен избор на пецива, како на пример крцкав кроасан со кашкавал или со путер и павлака, пецива со шунка, кулен или сирење, вкусен традицинален бурек и многу повеќе од бројните пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски рецептури.

Леб без адитиви, кој е долго време свеж, поради процесот на подготовка на тестото, односно долгата ферментација. Лебот е како домашен, а за тестото не се користи премногу квасец. Багетите не само што се вкусни туку изобилуваат и со високо нутритивни состојки, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. На мени секој ден има и свежа пилешка и телешка супа, а благите специјалитети се нешто посебно – чиз кејк, тартови, торта со морков…

Вистинско богатство се крие во пекара „Бакал“. Бели пецива кои ги разгалуваат сите сетила!

Атмосферата е пријатна, и внатре и надвор, опкружени од автентични растенија, кои на целиот простор даваат хармоничност.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.