Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Влатко Стефановски од Сокобања: „Редовно одам на летни концерти низ Балканот“ (ИНТЕРВЈУ)

Интервју

Влатко Стефановски од Сокобања: „Редовно одам на летни концерти низ Балканот“ (ИНТЕРВЈУ)

,,Уметноста не трпи инерција, музиката треба слободно да дише, баш како што се дише чистиот воздух во Сокобања” – ќе каже виртуозот Стефановски.

Во петокот, во 23 ч на платото пред Милошев конак и Ирски паб во Сокобања, музичката легенда Влатко Стефановски, омилен и препознатлив ширум Балканот, прв пат одржа концерт во Сокобања, местото кое во минатото го посетувале познатите книжевници Бранислав Нушиќ, Иво Андриќ, Меша Селимовиќ, Исидора Секулиќ, Стеван Сремац, но и многу Македонци уживатели на бањскиот туризам, па порано Сокобања ја нарекувале Македонска Бања.

Восхитувачки беше што публиката ги знаеше наизуст сите текстови од култните македонски песни, но и да фати ритам на седум осмини.

Сцената зрачеше од харизма, ореол кој се шири и отвора над сите, со синестезија од музичко искуство и енергична младост. На сцената Стефановски го придружуваа неговиот син Јан Стефановски, кој на 18 години веќе е виртуоз на тапан и Иван Кукиќ на бас гитара, кој во разговорот спомна дека е пресреќен што на 22 години свири крај својот музички идол од кого има што да учи.

ФОТО: Кристијан Цорџевиќ

Првиот впечаток кога прв пат доаѓате некаде, а сега во Сокобања?

– „Никогаш порано не сум бил во Сокобања, а како долгогодишен патник се обидувам да се изолирам од културен шок, каде и да сум, да знам да се адаптирам на средината. Ако летам 14 часови за Австралија, кога ќе слетам знам дека треба да сум спремен на сѐ и да знам што можам да очекувам. Така е за било кое место, а овде во Сокобања првин ме дочека топло време, па еден хеви дожд, па вкусна скара во кафана каде чекавме да преврне.

За Сокобања сум слушал од мајка ми, која често доаѓала тука и знам дека е лековито , енергетско место. Тоа се чувствува преку кожата, не мора да видиш или слушнеш, може да осетиш вибрации, а кога има многу зеленило, кое не вирее така раскошно секаде, значи дека има јака енергија.

Вечер на концертот, кога ќе свирам, ќе осетам каква е енергијата на публиката и ќе имам поголема слика за местото.

Интересна реакција имаше син ми Јан, за неговите први впечатоци и хотелот Бањица каде сме сместени, дека му личи на Југославија. Иако не е роден во тоа време, од книги и филмови и тоа што го слушал од нас има некоја претстава за тогашната архитектура.“

ФОТО: Кристијан Цорџевиќ

Каде имавте концерти изминатиов период?

– „Редовно одам на летни концерти низ Балканот, на Арсенал Фест во Крагуевац, Гитаријада во Заечар, Ужице, во Белград на Белградскиот Летен Фестивал кај Колара, каде бев почесен гостин на словенечкиот Marko Hatlak Band.“

ФОТО: Кристијан Цорџевиќ

Би сакале ли за одмор вакво мирно место со чист воздух?

– „Запрепастен сум од загадувањата во Скопје, од бучавата на градежните машини кои агресивно бучат било каде и било кога, не бирајќи ни време, ни празник, ни место. Да, би сакал да живеам во мир и тишина, дишејќи чист воздух, можеби и да напишам нешто, да оставам покрај музичката и книжевна трага.“ – меѓудругото ни кажа Влатко Стефановски пред својот прв концерт во Сокобања, местото за кое не случајно Нушиќ ќе напише : „Сокобања- Сокоград доаѓаш стар си заминуваш млад“.

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.