Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интересен квиз: Откриј кое е твоето идеално место за живеење!

Ви препорачуваме

Интересен квиз: Откриј кое е твоето идеално место за живеење!

Интересен квиз: Откриј кое е твоето идеално место за живеење!

Те привлекува луксуз, автентична архитектура или бескрајни песочни плажи? Се идентификуваш со традицијата, или пак повеќе си тип за добра забава? Преферираш долг прошетки, или уживаш во топлиот дом, сам или со најблиските.

Овие, но и многу други прашања можат да го детерминираат твојот карактер, а карактерот пак зборува и за тоа која би била твојата идеална дестинација за живеење. Дури и
карактеристиките на кои не им обрнуваш внимание и мислиш дека се неважни, верувај дека ќе ти помогнат да откриеш кое е местото каде што ќе се чувствуваш најмногу како дома!

А, колку неверојатно и да звучи, според карактерот, можеме да го одредиме и сладоледот што најмногу ти прилега.

Реши ги овие прашања и дознај кој град е скроен за тебе!

0%

Како најмногу сакаш да го поминуваш слободното време?

Кога би имал избор, каква клима би одбрал за твоето место за живеење?

Која музика прилега најмногу на твојот карактер?

Кој спорт најмногу уживаш да го гледаш или кога би имал прилика, би го гледал во живо?

Сведок си на бурна расправија за паркинг место помеѓу двајца. Која би била твојата реакција во оваа ситуација?

Која карактеристика најдобро те опишува?

Те покануваат на голема забава, меѓутоа во поканата не е наведен „дрес кодот“. Како ќе се облечеш?

Во ресторан си и сите можни опции за храна ти се на дофат. Што ќе биде твојот избор?

Треба да одбереш каде да одиш на патување. Врз основа на што ќе го направиш твојот избор?

Кое превозно средство најмногу одговара на твојата личност?

Реши го квизот и откриј во кој град треба да живееш, но и кој сладолед е совршен за тебе
Монако

Те возбудува луксуз, се воодушевуваш на скапи јахти, уживаш во азурни песочни плажи и твоето вистинско Јас, доаѓа до израз во отмена, елегантна атмосфера. Казина, Формула 1, или пак можеби и операта се само дел од твојот исклучителен вкус, па затоа за тебе најсоодветен е и сладоледот со исто име – исклучителниот Metropoli Gold Monaco. Ти ќе уживаш во овој врвен вкус на какао, збогатен со прелив со вкус на какао, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут, декориран со парчиња од кикиритки и лешници во сладоледот.
Париз

Негуваш уникатен стил, културата ти е голема вредност, уживаш во добра храна и добро вино и за тебе е сосема природно да следиш уметност, висока мода и културни настани. „Префинетост“ ти е средно име, па префинетиот вкус на сладолед Metropoli Gold Paris сам по себе зборува за твојата личност. Неодоливиот вкус на крем сладолед со вкус на ванила, збогатен со бел прелив, прелиен со бело чоколадо збогатен со крцкав бадем и лешник, за тебе се омилена комбинација.
Сан Франциско

Твојата природа е забавна, младешка, помалку и луда! Уживаш да бидеш на топло време, а слободата за тебе е најважното нешто. Едноставно не сакаш кога си под притисок и сакаш да одбираш слободно. Иако понекогаш се чини дека си љубител на едноставните работи, сепак имаш и уметничка душа и желба за голема авантура и забава. Бидејќи сакаш да експериментираш, така е и со вкусовите, па така специфичен сладолед со вкус на бурбон ванила, прелиен со глазура со вкус на чоколадо, прелив карамел и млечно чоколадо, за тебе ќе биде совршен во сладоледот Metropoli Double Caramel – San Francisco.
Лондон

Ја сакаш класиката, ја сакаш традицијата, едноставно за тебе има нешто посебно во тие стари традиционални вредности и богата историја. Пристојно се однесуваш и добрите манири за тебе се многу важни. Веројатно воопшто и не би се дружел со некој со лоши навики. А, кога сме кај навиките: за тебе нема ништо поубаво и поромантично од дождливо време, а ти да седиш во твојот удобен дом со шолја чај и вкусен чоколаден десерт. Токму затоа, сладоледот Metropoli London со вкус на какао, збогатен со прелив со вкус на какао, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут, декориран со парчиња од кикиритки и лешници ќе ги разбуди сите твои сетила.
Берлин

Ти си искрена личност, но често знаеш да бидеш доста ладен и не вложуваш многу време за работи кои тебе лично не ти се битни. Рационален си, лесно следиш правила и рутината ти прилега, но сепак не би пропуштил добра забава со друштвото или некој концерт, бидејќи лесно се социјализираш. Свесен си и буден, како за себе, така и за останатите и за животната средина поради својата специфична, несекојдневна природа. Такви вкусови и ти прилегаат, па ти не си оној кој ќе одбере едноставно чоколадо или ванила во сладолед. Сладоледот Metropoli Berlin за тебе би бил идеалниот бидејќи е збогатен со прелив со вкус на вишна, прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут декориран со парчиња од кикиритки и лешници.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.