Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ампов на главната бина на „Sunny hill Festival“ во Приштина

Промо

Ампов на главната бина на „Sunny hill Festival“ во Приштина

Дел од овогодинешното издание на престижниот „Sunny hill Festival“, освен веќе добро познатите Калвин Харис, или како што го нарекуваат „master mind“ на сите хитови, како и мега популарните Мајли Сајрус и Гаши, ќе биде и македонскиот диџеј Ампов.

Младиот и уникатен 16-годишен диџеј Ампов е еден од најдобрите и најнадежните артисти на овие простори, кој со само 14 години настапи на Skopje Calling, и тоа на иста сцена со Martin Garrix (2017) и Axwel & Ingrosso (2018), како и со Hardwell на Ohrid Calling (2017). Исто така, има настапувано и со Ravitez, Justin Mylo и Julian Jordan на фестивалот Калабалак, како и низ вашите омилени кафулиња и дискотеки низ Македонија.

На Ампов годинава му припадна честа, како единствен претставник од Македонија, да настапи на престижниот Sunny hill Festival 2019, кој се одржува од 2 до 4 август во Приштина, а лани го имаше своето успешно издание кога главна ѕвезда беше поп-пејачката со косовско потекло Дуа Липа.

Директор на фестивалот е токму нејзиниот татко Дукагин Липа, кој уште минатата година најавуваше дека секое следно издание ќе биде поатрактивно и поуникатно од претходното.

Sunny hill Festival ќе се одржи од 2 до 4 август во паркот Гермиа во Приштина.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.