fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФЕД ЛЕ ГРАНД: „Македонската публика испраќа неверојатна енергија!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Интервју

ФЕД ЛЕ ГРАНД: „Македонската публика испраќа неверојатна енергија!“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)

Од 1 до 4 август на нова локација, во кругот на поранешната касарна во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на „Охрид колинг 2019″ („Ohrid calling 2019″), фестивалот што иницијално беше организиран како активност во насока на промоција на туристичката понуда на градот.

Оваа година на фестивалска бина ќе настапат дваесеттина познати имиња од музичката електронска сцена. Ѕвезди на фестивалските вечери ќе бидат Стив Аоки, Маркус Сулц, НЕРВО, Вини Вици, Санери Џејмс, Рајан Маричано и уште многу други, а екипата на Популарно.мк имаше ексклузивна можност да направи интервју со еден од најголемите хедлајнери на годинашното издание, Фед Ле Гранд.

Ова нема да биде твој прв настап во Македонија. Како би ја опишал македонската публика? Поради тоа што секој ден си на различна страна од светот, дали публиката се менува во зависност од земјата во која настапуваш?

– „Прво кога зборуваме за македонската публика.. што да кажам, не можеш да посакаш повеќе! Енергијата која ја испраќаат е неверојатна, едноставно нема крај, а особено сте познати по музикалноста. Македонската публика не знае за доста! Инаку да, се согласувам дека публиката е различна на секое место каде сум настапувал до сега.“

Од настапот на „Green Beach Festival“ во Охрид во 2015 г.

Охрид Колинг израсна во популарен регионален фестивал со голема листа на добро познати светски артисти. Што очекуваш од годинашното издание и што публиката може да очекува од твојот настап?

– „Очекувам да биде супер лудница! Имам настапува и порано во Охрид и оваа година очекувам да биде уште подобра од минатата! За публиката во Македонија подготвив специјален сет, па не бев залудно зафатен во студиото последниот период!“

Кој момент од твоите настапи можеш да го издвоиш како посебен?

– „Секогаш ме воодушевува публиката! Еден од моментите на кој можам да се сетам е токму од вашата земја. Воодушевен сум колку македонската публика е горда на својата земја и своите фестивали!“

На што работиш во моментов?

– „Еве, ексклузивно за вашиот медиум, работам на неколку нови траки – една ќе биде со Афроџек и уште една со Димитри Вегас и Лајк Мајк. Воглавно работам на нова музика, па ова ќе биде бурно лето и бурна година!“

Од настапот на „Green Beach Festival“ во Охрид во 2015 г.

Ова фестивалско издание ќе биде подготвена спектакуларна сцена, со врвно озвучување, најсовремени визуелни ефекти, пиротехника, односно сите предуслови за несекојдневно музичко доживување.

Редовно, како и изминатите години, дел од програмата ќе бидат и познати домашни ди-џеи, перспективниот Александар Галоски и електро-дуото Бојан и Андреј Сирилик. Изминатите фестивалски изданија на сцената на „Охрид колинг” настапуваа бројни светски ѕвезди од електронската музичка сцена како Димитри Вегас, Лајк Мајк, Џекс Џонс, Роџер Санчез, Армин ван Бурен, Ники Ромеро и Лост Фреквенсис, Афроџек, Хардвел и многу други.

Повеќе од Интервју

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.