Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ОД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА: Самсунг го престави „Note 10“ и во Македонија

Мобилни

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ОД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА: Самсунг го престави „Note 10“ и во Македонија

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ОД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА: Самсунг го престави „Note 10“ и во Македонија

По само неколку дена од светската премиера во Њујорк Samsung ја претстави Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ серијата на паметни телефони пред домашната јавност во Скопје.

Новата Galaxy Note10 серија е дизајнирана да ги задоволи потребите на најпребирливите бизнис корисници, но и на креативците, овозможувајќи им да го постигнат својот максимум во секојдневните предизвици. Врвниот, надграден Dynamic AMOLED екран, професионалната камера, подобрениот S Pen, супер брзото полнење и неверојатната поврзаност со други уреди, претставува гаранција на корисниците дека уредот ќе биде во можност да ја исполни задачата, без разлика дали е тоа пишување белешки на работен состанок, уредување на креативно видео или едноставно пребарување на интернет.

„Од својот почеток, Note серијата претставува симбол на врвни перформанси, која на корисниците секогаш им го нуди она кое им е потребно и што е уште поважно, да одат чекор понапред и да станат најдобрата верзија од себеси. Galaxy Note10 и Note10+ продолжуваат со традицијата на спроведување на иновација во полето на паметни телефони, обезбедувајќи им на корисниците исклучителни можности со S Pen, професионалната камера и одличната поврзаност со други уреди, за целосно доживување и автентично Galaxy искуство.“, изјави Марјан Блажески, директор на продажба на IM сегментот на пазарот на Македонија, Косово и Албанија на компанијата Samsung Electronics Adriatic. „Покрај официјалното претставување на двата најнови модели на нашиот пазар, ми претставува големо задоволство што од денес е функционален и официјалниот Samsung веб сајт за Македонија. Преку www.samsung.com/mk корисниците ќе можат на едноставен начин да се информираат за големиот број на најразлични уреди и да извршат купување со само неколку клика на еден од партнерските сајтови,“ додаде Блажески.

Galaxy Note10 и Note10+ се спој на најнапредниот хардвер и софтвер кој го има кај денешните паметни телефони, со најголемиот и најквалитетен Dynamic AMOLED екран со HDR10+ сертификат и динамично пресликување на тонови кои ги прават фотографиите и видео материјалите посветли за разлика од претходните Note уреди и имаат неверојатен и широк спектар на бои.

Камерата на новиот Galaxy Note10 уред на корисниците им дава можност да снимаат видео со професионален квалитет без потреба со себе да носат додатна опрема. Video editor овозможува уредување на снимките со помош на S Pen и наместо постојано да кликаат на снимката за да ја прегледат и уредат, корисниците можат прецизно да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.