Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – одберете го својот омилен стартен број

Спорт

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – одберете го својот омилен стартен број

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – одберете го својот омилен стартен број

Ова е трета година по ред во која во октомври се очекува нов бран на позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на бул. Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22. август 2019, после 10.00 часот. Тие кои ќе се пријават во првите 2 дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели. Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.