Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЛЕТ ВО МЕСТО на местото на злосторството

Колумни

ЛЕТ ВО МЕСТО на местото на злосторството

Ако не сакаме да останеме на местото на злосторството, тогаш мора да ѝ дозволиме на вистината да се обзнани, да се раскрили.

Изнудување вистина во животот на обичниот човек е примитивно, но во име на законот е нужно. Податливото подаништво, сервилно и адаптибилно во секое и сечиво руво, истренирано да „не знае“ што се случува , не смее повторно да „не знае“ што се случувало во нивно име и без нивна дозвола. Како за поединецот, така и за државата, незнаењето е најголемиот личен непријател. Граѓанскиот мир е возможен само со чисти сметки. Ни помирување, ни помилување, ни простување се можни без потполно откривање на вистината. После секоја трагедија, катарза е признавање на вината…

Вистината и слободата одат заедно…

Таму каде ја нема едната, ја нема ни другата, само обете може да произведат праведност, мир и толеранција. Кога дискурсот на политиката е празна демагогија, без практична доследност и мудрост, кога во реалниот живот е присутен дефект на емпатијата кон страдањата на другиот, тогаш постои политиканство без морална интелигенција. Непосредната врска помеѓу вистината и слободата, е исто што и врската меѓу нормативна етика и моралниот живот, едно без друго не функционираат. Нивното разминување е деградација на индивидуалниот и на колективниот идентитет, суштината на праведност и моралност. Нашата голгота, со која се распнуваат вистината и слободата, е што пред очи гледаме хипокризија, не само криза на човечноста, туку и криза на законитоста. Дискурси, скршнувања, одолговлекувања, замајувања се нашиот ,,лет во место” кој почнува од местото на злосторот…

„Земи човек, стави го во палата, дај му сѐ што сака, јадење, пиење, жени, што сака да прави, само да не смее да си ја удира главата од sид. Значи слободен си, сѐ, сѐ, само главата од sид не. Месец дена нема да поминат, ќе ја удри. Мозокот нека истече, ќе ја удри!“ – Г. Стефановски , „Лет во место“

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.