Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Времето не познава ниту етникуми, ниту религија, ниту политика, ниту социјален статус… тоа само се менува… а така нè менува и нас самите…

АВТОР: ПРОФ. Д-Р СОЊА РИЗОСКА ЈОВАНОВСКА

Колумни

Времето не познава ниту етникуми, ниту религија, ниту политика, ниту социјален статус… тоа само се менува… а така нè менува и нас самите…

Ако нешто го допре кодот на нашата душа, се запаметува за навек и се одразува врз сè што следува.

На тој начин, се обидуваме да ја спознаеме вистинската форма на небото и земјата. Тоа е единствениот начин за да продолжиме да живееме дури и по работ на мостот кој го создаваме и кога сонуваме дека чекориме по него и кога сме будни или освестени.

Живеејќи со тие кои се дел од нашата душа…тука на земјата, искрадувајќи се секој миг да дојдеме и до душите на тие кои си заминале за навек и тоа барајќи ги во ѕвездите, во звукот на ветрот, во кочијата на полната месечина, во зракот на сонцето, во капките дожд кои нè допираат, во боите на виножитото.

Ние, едновремено, се учиме да го живееме мигот само со оние кои се во нашиот животен прстен. Доаѓаме до момент кога не се противиме на нештата кои до тогаш ни биле многу значајни, или сме мислеле дека ни се приоритетни…
Доаѓа време кога времето им го посветуваме само на тие кои ги сакаме без разлика каде се и во каква форма…

Не ги приметуваме ниту противниците,едноставно, немаме време за нив…

Времето им го посветувме само на оние кои станале ноти во секој акорд на музиката на нашата душа…и на оние без кои нашата душа е нецелосна…

Доаѓа време кога учиме дека нашата душа везден патува за да го усогласи патот по мостот меѓу земјата и небото…и тоа е единствениот пат по кој сме тргнале да го пропатуваме светот за да останеме „живи“ и „човеци” …

За сè можеме да се поврземе…да го вратиме, да го имаме…само времето не можеме да го вратиме и затоа е најскапоценото нешто, иако тоа го сфаќаме премногу доцна, а можеби и никогаш..и колку е трагично тоа…

Можеме и луѓето да ги трансформираме, но, спомените за жал, или за среќа, остануваат непроменети …

Многумина од нас сме го прокоцкале времето, а потоа сме се учеле да му дадеме време на времето за да го заборавиме тоа време…

Но, кодот на мигот останува засекогаш мемориран од времето, просторот и сите генерации низ кои се пренесувал тој код…
Мудрост е ако сме сфатиле дека не смееме никогаш да заборавиме на оние што создавале, на оние кои создаваат, и на оние на кои треба да им оставиме код со кој ќе успеат да ги видат сите хоризонти на постоењето, вреднувањето и почитувањето на секој миг од нашето битисување..

Ние не смееме да им бидеме пречка ниту во создавањето на хоризонтите, ниту во создавањето рамки на патеките на нивните соништа…туку, напротив, треба да ги поттикнеме да бидат едни од создавачите и значаен фактор во одисеите на високите дострели на цивилизациите и воопшто во човештвото, бидејќи се дел од светот…но, сепак сè зависи од кодот што ни е пренесен и на кој начин ние им го пренесуваме на нашите идни пренесувачи за тие достојно да го чуваат и пренесат понатаму…

ПРОФ. Д-Р СОЊА РИЗОСКА ЈОВАНОВСКА

Прочитај повеќе
Маркетинг
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.