Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Звуците на чаршијата од 16 до 18 септември во Скопје

МК Сцена

Звуците на чаршијата од 16 до 18 септември во Скопје

Звуците на чаршијата од 16 до 18 септември во Скопје

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 16, 17 и 18 септември (понеделник, вторник и среда) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети. Старото јадро е културен и духовен споменик на градот, а намерата на организаторите е да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 13 пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонессува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Согласно таквите настојби, и овојпат е направена богата културно-забавна програма чија цел е да ги анимира посетителите на овој дел од градот.

Манифестацијата почнува на 16 септември (понеделник) во 14 часот на плоштадот Скендербег со настанот „Старата скопска чаршија во делата од литературните творци“. Во
18 часот на Камениот мост ќе биде поставена изложба на фотографии на чаршијата, дела на Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров. Во 17 часот на плоштадот Скендербег ќе настапат културно-уметничките друштва „Илирида“, „Студио фолклор“, „Јени Јол“ од Скопје и „Шамикуќет“ од Урошевац. Потоа од 19 часот ќе настапи „Емин Салихи бенд“ во состав: Хана Палоши, Филонид Алиу, Доника Домазети. Во 19 часот во КИЦ – Скopje изложба ќе има „З.У.К. Силиндарт“, а во 20 часот на плоштадот Скендербег со солистички изведба ќе се претстави гитаристот Артан Кастрати. Во 20 часот на истото место е балетската изведба на претставата „Сон“, а во 21, 20 часот ќе насрапи „Кода бенд“. Во 21 часот во паркот на Скопското кале ќе се одржи кино под отворено небо со проекција на филмот „Враќање“ на Кастриот Абдули.

На 17 септември (вторник) во 20 часот на платото пред Универзитет на Југоисточна Европа во програмата се проектот „Деструкција ритам“ на уметникот Исмет Рамиќевиќ и музика од Сецко Хаџиќ. Во 21 часот ќе се одржи концерт на Камениот мост, плоштад Филип Втори, на диџеј Електрон, Тамара Тодевска, Ил Лимани, Дафина Зечири, Сафи и диџеј Гик, и Луми Би и диџеј Флоу. Третиот ден 18 септември (среда) на истото место во 21 часот е концертот на диџеј Пити, Канита Сума, Линдон Бериша и Елвана Џата.

– Фестивалот е првиот чекор што град Скопје го направи во 2006 година како иницијатива за заживување на чаршијата. Изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на чаршијата, пак, придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат граѓани од сите националности – вели директорката на Културно информативниот центар, Сермине Пурини.

Изминативе години на „Звуците на чаршијата“ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчери, аниматори, познати групи, македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата, да биде мултикултурна. КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација ја започнале својата кариера.

– Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата – велат организаторите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.