Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски

МК Сцена

Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски

Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски

Започна одбројувањето на последните денови до Големиот концерт на David Garrett кој ќе се случи на 25 Септември во А1 Арена Борис Трајковски.

“Ѓаволот на виолина”, како што многумина го нарекуваат ветува дека на 25 Септември во Скопје на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

“Со нетрпение ја очекувам турнејата”–UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE ” 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување”, вели David Garrett. “Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославувиме музиката, како и изминатите десет години”.

Тој вешто ги меша музичките стилови нудејќи оргинални нови верзии на најпознатите рок класици. Со неговите изведби на неговата магична виолина, класичната музика добива еден нов живот и покажува дека класичните композиции сакани од постарите можат да бидат достапни и провокативни и за младите генерации.

Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со DAVID GARRETT И НЕГОВИОТ БЕНД! Бидете спремни за една уникатна crossover програма, најдобрите рок песни, како и емоционални балади и се разбира, по малку извонредна класична музика. Последните билети може да ги обезбедете преку продажната мрежа на kupikartizase, Југотон и Розе Веро 2.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.