Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уметничкиот центар „Полифонија“ кој е организатор на премиерната концертна изведба на барокната опера, зазема значајна улога во музичкиот живот

Интервју

Уметничкиот центар „Полифонија“ кој е организатор на премиерната концертна изведба на барокната опера, зазема значајна улога во музичкиот живот

Уметничкиот центар „Полифонија“ кој е организатор на премиерната концертна изведба на барокната опера, зазема значајна улога во музичкиот живот

На 20 септември во Камерната сала на Филхармонија во 20 часот, во организација на Уметничкиот центар „Полифонија“, премиерно ќе биде изведена барокната опера „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл. Операта ќе доживее концертна изведба и еден од ретките настани од ваков вид што во последниве години се случуваат на нашата музичка сцена.

„Полифонија“ инаку, e организација која функционира и делува во полето на културните и уметничките случувања, почнувајќи од 2003 година до денес. Таа зазема значајна улога во реализацијата на повеќе проекти од национален интерес, кои досега биле реализирани и поддржани од Министерството за култура, но и во реализацијата на проекти и надвор од границите. Во тимот на „Полифонија“ од почетоците беа музичките уметници Јанинка Невчева и Орце Ицковски, а денес заедно со Ицковски е вклучена и реномираната виолинистка Сања Шуплевска.

На прашањето, од каде идејата да се реализира проект како „Дидо и Енеј“, со оглед на неговата специфичност во секоја смисла на зборот, а во кој се вклучени музички ѕвезди како македонскиот баритон Васил Гарванлиев кој кариерата успешно ја гради на меѓународните сцени, канадската оперска дива, сопранот Криста де Силва која моментно пее во престижните оперски куќи на Едмонтон и Монтреал, потоа еден од најбараните барокни ансамбли – „Г.А.П.“ од Германија, како и ансамблот „ИН МЕДИАС РЕС“ на „Полифонија“, Шуплевска вели:

„Идејата за овој проект произлезе како соработка на ‘Полифонија’ и ансамблот  ‘Г.А.П.’ по нивното гостување со концерт на барокна музика во Камерната сала на Филхармонијата минатата сезона. Сметајќи дека овој жанр не е доволно продуциран и застапен кај нас, овој проект е токму затоа што не само публиката, туку и нашите пејачи ќе можат да се запозанаат со автентичен начин на изведба на барок. Во исто време, овој проект е и мастеркласа за сите наши уметници кои се вклучени во него, а е организиран и семинар во ДМБУЦ ‘Илија Николовски-Луј’. Во заедничка соработка и анализа на барокната музика, покрај овој проект, реализиравме и многу успешен Интернационален семинар за виолина и пијано во Охрид. Операта ‘Дидо и Енеј’ е на некој начин втор дел од проектот на ‘Полифонија’ и ‘Г.А.П.’“

Шуплевска истакнува дека со оваа премиера се отвора нова платформа на која ќе бидат презентирани ваков вид на камерни дела. „Инспирацијата беше, како што кажав, концертот на ансамблот ‘Г.А.П.’. И фактот што вакви продукции кај нас не се застапени. Со тоа, не само публиката, туку и нашите уметници ќе имаат можност да се запознаат со овој вид на творештво, но и соодветно да се изразат.“

„Дидо и Енеј“ ќе се изведе како концертна опера, нешто што е практика во светот, да се доближи оперската уметност до пошироката публика. „Вака се претставува и квалитетот на барокната уметност и приказната на операта на нашата публика. Љубовната приказна за Дидо и Енеј во едночасовна барокна опера напишана од најпознатиот англиски композитор на сите времиња – Хенри Персл, е заснована врз текстовите на римскиот поет Вергилиј. Претставата, која се смета за монументално дело на барокот, раскажува за љубовта на кралицата на Картагена, Дидо кон Тројанскиот херој Енеј, нејзиниот очај кога тој ја напушта, темни ликови кои ги мразат сите што се просперитетни, актуелни митови од времето на создавање на оваа веројатно, до одреден степен алегорична опера. Во претставата се наоѓа и познатата арија Дидоновото жалење, која е една од најпопуларните лирски мелодии на во оперскиот опус“, вели Шуплевска.

Инаку, билетите за претставата можат да се набават на mkticket/ kupikarti.com/ и на билетарницата во Филхармонија пред почетокот на концертот. 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интервју

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.