Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петар Пан држава

Колумни

Петар Пан држава

Петар Пан држава

Речиси три децении на недозреаност, разлетаност, на игри без граници. Се играме Недојдија , оди си – дојди си, летај си – мижи си.

Животот се живее во декади, секоја има своја децениска смисла и различни развојни емотивни фази. Но некој едноставно останува во детството и во својата трета- четврта деценија без да го прифати некомфорниот , одговорниот, често и монотон живот на возрасните.

Вечното момче (puer eternus) или вечното девојче (puella eterna) , споредувани со Дизниевиот лик Петар Пан, живее во Земјата Недојдија во која никој не сака да порасне, сите се играат, забавуваат, летаат… Неодговорноста да се соочиш со сериозноста и проблематиката на животот е алиби за потребата на ,,вечното дете” во нас. Вечната потреба за младост е неодговорност и кон себе. Синдромот на Петар Пан го имаат егоцентриците и хедонистите, секоја работа за нив е здодевна и напорна, врзувањето со некого трае додека немаат непријатности со него, а животот го гледаат како игра. Постојано бараат копче за стимулација на задоволствата, нивнито ,,внатрешно дете” симулира игри. Емоционално зрела личност само повремено го користи своето ,,внатрешно дете” и умее да се забавува и мечтае во одредени примерни ситуации.

Комплексот на Петар Пан, одбивање зрело и одговорно да се влезе во светот на возрасните, за кој има наследен отпор и страв, не се лекува со летање и залетување. Бескрајните игри во Недојдија, борба со пирати, куки и крокодили, умислата дека правдата сама по себе ќе си дојде и ќе не запраши сите како волшебните магии на Sвончица, се нашата општествена неодговорност и политичка незрелост. Ние сме сѐ уште Петар Пан држава и одамна Sвончица ни sвони за тревога. Одsвонето ни е, се заигравме и го изигравме времето за зреење, му го оставивме на Капетан Кука и пиратите.

И КАДЕ ПЛОВИ ОВОЈ БРОД, плови или стои усидрен во место ?

Татјана Алексиќ

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.