Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Музичка програма за престојниот Skopje Wine Expo 2019

Настани

Музичка програма за престојниот Skopje Wine Expo 2019

Музичка програма за престојниот Skopje Wine Expo 2019

Традиционално, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал под покровителство на град Скопје.

Од 26-28 септември на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на МОБ, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

На „Skopje Wine Expo” ќе настапат доајените на македонската музичка сцена- Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа , групата Нокаут, македонскиот рок бенд кој постои речиси 3 децении- Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект- Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.

This slideshow requires JavaScript.

Влезот како и секоја година е бесплатен за сите посетители.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.