Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Intermezzo Мusic Rituals влегува во финишот со гостувањето на Elfenberg!

Настани

Intermezzo Мusic Rituals влегува во финишот со гостувањето на Elfenberg!

Летото е зад нас, но вибрациите од Миконос сè уште не стивнуваат и музичките ритуали кои прераснуваат во заштитен знак на Интермецо за оваа сабота ни ги најавуваат артистите кои го раздрмаа Скорпиос – Elfenberg гостуваат во Скопје!

Мистични тапани, еуфорични ритми и движечки мелодии се заштитните елементи на дуото кое ни доаѓа од Стокхолм.

Продуцентите Viktor Elfgvist и Henrik Malmberg комбинираат сè што има да понуди животот. Од длабоките џунгли на Јужна Америка, па сè до далечниот Исток, една ничија земја на бесконечен занес и блаженство, место каде што се креираат соништа.

И двајцата се родени и израснати во предградијата на Стокхолм, каде што од многу рана возраст се обземени од живописноста на фолклорните звуци.

Нивното деби со EP за „Lump Records“ излезе на музичкиот пазар со бомбастичните „Jafar“ и „Iago“ кои сè уште се слушаат низ целиот свет.

По „Agrabah EP“ следуваа изданија за продуцентски куќи како што е моќниот Stil Vor Talent и реномираниот 3000 Grad Records. Останатото е само плод на една бујна фантазија која допрва ќе биде напишана.

Тимот на Интермецо и овој пат ни најавува забава за паметење а ние само ќе надополниме, Скопје звучи прекрасно.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.